ХАОС ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП: Претепан паркинг редар од лице кое не сакало дa плати за паркинг услуга

Сподели го ова:























Хаос во центарот на Прилеп, настана денеска откако попладнево беше претепан паркинг редар од засега непознато лице кое не сакало дa плати за паркинг услугата. Овој немил настан се случил денеска кај паркингот – позади општинската зграда во Прилеп – а оваа информација за “СТАНИЦА.МК” ја потврди лице вработено во ЈП за ПУП.

Откако засега непознатото лице физички го нападнал паркинг редарот, со своето возило побегнало во непознат правец, а паркинг редарот се здобил со повреди, па како резултат на тоа со возило на брзата помош веднаш бил однесен во прилепската болница.



Сподели го ова:

Слични објави