Откако “ги фати” како работат незаконски, Кире Михаилов добива закани по живот!

Сподели го ова:



















Кире Михаилов кој што во македонската јавност важи за голем борец на сето она што е македонско, на македонските корени и историја, последниов период поради неговата јасно видлива теренска активност (како што истакнува тој), добива сериозни закани по живот. Оваа информација ја соопшти и самиот Михаилов на неговиот Facebook профил, преку конкретно напишана објава, каде што самиот тој истакнува:

“Почитувани граѓани, поради мојата јасно видлива теренска активност во последниов период добивав најразлични закани по безбедноста на мојот живот и животот на моето семејство, но заканите кои ги добивам последниве денови станаа пресериозни и закани кои веќе решив да не ги игнорирам!

Поседувам сериозни МАТЕРИЈАЛНИ ДОКАЗИ за моите тврдења, а за сето ова веќе имам поднесоци во МВР Струмица и Јавното Обвинителство!





Ги повикувам јавно Oliver Spasovski и Министерство за Внатрешни работи кои се најповикани во однос на безбедноста на секој еден граѓанин во Република Македонија максимално да се заложат кон целосно расчистување на овие случаи!

Луѓето кои ми се закануваат јавно ми кажуваат дека се од ДУИ, дека можам да ги пријавам каде сакам и дека никој ништо не им може!

Со овој јавен пост, покрај тоа што јавно ја известувам јавноста и најповиканите за овие случувања, на луѓето кои ми се закануваат ЈАВНО САКАМ ДА ИМ ПОРАЧАМ ДЕКА НИТУ ДОСЕГА СУМ СЕ ПЛАШЕЛ, НИТУ СЕГА ЌЕ СЕ ИСПЛАШАМ, напротив, со ваквите нивни постапки докажуваат дека сум чепнал на вистинското место!

Сакам на сите да им порачам дека како досега, така и во иднина секогаш ќе бидам на страна на граѓаните без разлика на предизвиците со кои ќе се соочам во периодот кој претстои до конечното ослободување на Македонија!

Мојата борба во конкретните изјави поради кои ги добивам заканите се токму граѓаните од секоја националност да добијат поевтини огревни дрва, а не некои да се богатат на нивниот грб.

Мојата борба е борба за доброто на секој граѓанин на Македонија без разлика дали тоа е Македонец, Албанец, Ром, Србин, Хрват, Египќанин, Влав, Бошњак или каква и да е друга националност!

Исто така, на сите треба да им биде јасно дека за неколку месеци од сега, друга песна ќе се пее, а тогаш секој ќе мора да се носи со сите последици од неговото делување!

Да сте ми живи и здрави!

За кратко се гледаме во слободна Македонија!” – порача Кире Михаилов во неговата објава на социјалните мрежи.



Сподели го ова:

Слични објави