На детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” дечињата од прилепските градинки ПРЕМИЕРНО ќе ја испеат “Градинке, градинке – срце песна плете”

На 18 и 19 април 2024 година во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, ќе се одржи најновото 6-то издание на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”.
Билети за вечерната фестивалска претстава за на 19.04.2024 година може да си набавите во игротеките: Моја Бајка, Дизни и Бамби по цена од 200 денари, додека пак учениците од градинките и училиштата ќе го посетат овој најпопуларен детски музички фестивал овој четврток и петок во дневните термини. За учениците од градинките и училиштата кои ќе го проследат фестивалот во дневните фестивалски термини цената изнесува 150 денари.
На фестивалот ќе настапат голем број на учесници од неколку градови од Македонија. од кои најмногу како и секоја година ќе бидат од Прилеп.Помеѓу новокомпонираните песни кои премиерно ќе бидат изведени овој месец на големата фестивалска сцена во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, ќе бидат и дечињата од највозрасната група од прилепските градинки “Наша иднина”, кои ПРЕМИЕРНО на овој фестивал ќе ја испеат песната “Градинке, градинке”, песна која од сега ќе биде химната на градинките во Прилеп.
Автор на музиката и текстот на оваа песна е на Гоце Балада, човекот кој што две години по ред е прогласен од страна на АКАДЕМИК за најкреативна личност во нашата земја во областа на музиката, културата и маркетингот. Што се однесува пак до аранжманот за оваа детска песна, истиот е дело на Рубин Димкоски од групата Меморија. Уметничкиот директор на фестивал Гоце Балада, упатува голема благодарност до директорката на прилепските градинки Христина Трпческа, која секогаш е отворена за соработка, посебно кога се работи за квалитетни детски проекти. А како ќе звучи оваа екстра детска песна, ќе слушнете на најновото 6-то издание на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”.