ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САБОТКОВСКИ НЕ МИРУВА: ТАМПОНИРАНИ ДВЕ ЛОКАЛНИ УЛИЦИ ЗА ПРИСТАП ДО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО МОГИЛА И ВАШАРЕЈЦА
Деновиве, во Општина Могила беше реализиран уште еден проект со поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Обезбедивме средства во висина од 1.000.000 денари за реконструкција на локални улици за пристап до земјоделско земјиште во с. Могила и с. Вашарејца. Продолжуваме и понатаму посветено да ги следиме повиците и да аплицирме за добивање средства за реализирање на ветените проeкти – истакна градоначалникот на Општина Могила Драганчо Саботковски, кој очигледно не знае да мирува и постојано непрекинато работи во интерес на граѓаните од оваа општина.
Имено, исто така, покрај големите придобивки од овој проект битно е да се напомене дека со реализацијата на проектот ќе се подобри пристапот до земјоделските површини.