Градоначалникот Чонески повторно во акција! Интензивно се работи на уредување на уште една локација во централното градското подрачје
Во Крушево, интензивно се работи на уредување на уште една локација во централното градското подрачје. Просторот кој подолго време беше неуреден и неискористен, денес градоначалникот Чонески и неговиот тим го трансформираа во функционална површина во служба на граѓаните.
Со механизација се врши расчистување, рамнење и подготовка на теренот.
Од Општина Крушево порачуваат дека и понатаму ќе останат посветени на конкретни проекти што носат општа корист за секојдневието на граѓаните.


















