ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп со реакција на пресот од СДСМ

Сподели го ова:


























ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп излегоа со реакција на пресот од СДСМ, при што како што напоменуваат од ова ЈКП, во однос на споменатата загуба изнесоа неколку конкретни факти кои доведоа загубата да биде прикажана во таков износ. Имено еве што од ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп и порачаа на СДСМ:

“Прв и неспорен факт е трошокот за електрична енергија на ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп кој беше предизвикан од енергетската криза која максимално неодговорно ја изменаџира Владата на СДСМ и ДУИ.

Ако во 2020г. за струја ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп потроши 12.227.781ден, во 2021г. 14.632.000ден од кои за 11м. 4.279.883ден и за 12м. 4.126.176ден., во 2022г. трошокот на ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп по основ на електрична енергија е дури 37.179.000ден.

Дали субвениционираната електрична енергија која ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп што започна да ја добива од Владата дури од 12 месец 2022г. помогна или придонесе за оваа загуба на ова јавно претпријатие! Намерата е повеќе од очигледна на централната власт во РМ од каде се добива јасен заклучок дека доколку ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп ја сервисираше електричната енергија по цена од 2021г. тогаш истото ќе прикажеше рекордна добивка од 15 милиони денари.

Продолжуваме со другите ставки кои го отежнаа финансиското работење, а тоа е бенифицираниот стаж за работниците. Ставка која исто така е со издашен износ во висина од 1.176.064ден., како и 1.212.446ден. за надомест на штети на друштва и физички лица по спогодба и судски пресуди. Овде станува збор за законска обврска кон работниците која доколку била почитувана од претходниот директор немало ниту да прикажува добивка во износ кој го прикажувал, ниту пак сега во 2022г. ќе имаше јавното претпријатие дополнителни трошоци по тој основ.

Од тука може да се извлечи заклучок кој работи според важечките законски прописи на РМ а кој се поставувал над нив, не ги почитувал на штета на работниците и денес на штета на претпријатието.

Друго оптоварување на работењето за 2022г. е обврската кон Фондот за води која е во вкупен износ од 24 мил. денари. Станува збор за законска обврска која требало да биде исплаќана од 2011г., но редовно да се сервисира е започнато дури одкако на место директор на ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп е Игор Гулабоски. Во 2022г. исплатени се 2.510.534ден на Фонд за води, износ кој претходен период не бил сервисиран и оставен како обврска за решавање од сегашниот директор.

Вредно е да се спомене кога веќе спомнувате трошоци за реклама и пропаганда и ја прикажувате вашата неспремност и некоординираност како политичка партија, да излезете и да зборувате за веќе елаборирана ставка која е прецизно објаснета дека станува збор за износ во кој се прокнижени две фактури, за две години и за 2021г. и за 2022г. Додека ако ја споредиме ставката на трошоци за репрезентација може да се види колку е потрошено во 2021г. и колку во 2022г., а тоа во износи е следново..Во 2021г. директорот на СДСМ потрошил 476.246ден., Гулабоски 145.210ден. Тука се гледа кој и колку се грижел и како располагал со непродуктивните трошоци на ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп.

За на крај го оставивме најсилниот аргумент и непобитен факт, а тоа се вработувањата кои денес повторно беа тема на СДСМ но ја губат секоја тежина затоа што 70 вработувања од страна на СДСМ за само 4 години во ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп е неспоредлива бројка со десетината нови вработувања кои беа потребни за кадровско доекипирање на одделенијата, а повеќето се и по основ на пензионирање.

Вашите бледи обвинувања само ги прикажуват грешките од неодговорното менаџирање на вашиот кадар, а денес излегуваат на површина кои директорот Гулабоски со максимален вложен труд ги решава и надминува притоа соочен со дополнителни кризи” – истакнаа од ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави