Да донираме за фрескописот на параклисот во монашкиот конак на манастир “Свети Никола” – Мариово

Сподели го ова:





























Почитувани,

Ве известуваме дека, со благослов на Неговото Преосвештенство епископот Велички г. Никола, започна фрескописот на параклисот “Рождество на Свети Јован Крстител” во монашкиот конак на манастир “Свети Никола” – Мариово.

Секој што има желба и можност, може да го помогне ова дело и да учествува донирајќи средства за дел од фреските.

За дополнителни информации можете да пишете на администраторот на групата Пријатели на Манастир Свети Никола – Мариово (Monastery St. Nikola-Mariivo) или лично да се обратите до монасите во манастирот.




Сподели го ова:

Слични објави