Градоначалникот на Радовиш-денеска беше во посета на Општина Прилеп

Сподели го ова:


Градоначалникот на Радовиш Ацо Ристов, -денеска беше во посета на Општина Прилеп, при што оствари и официјална средба со прилепскиот градоначалник Борче Јовчески. Како што дознаваме од наши извори на средбата помеѓу двајцата градоначалници било разговарано за актуелни теми, разменување на искуства поврзани со досегашната работа на Општина Прилеп и Општина Радовиш, а главен акцент на средбата бил ставен и на заедничката соработка на овие две општини за во иднина. Инаку станува збор за двајца градоначалници кои што мошне успешно менаџираат со овие овие две општини. Инаку радовишкиот градоначалник-Ацо Ристов е дипломиран електро инжинер и експерт во областа на енергетиката и електро инжинерството.Со повеќе од 30 годишно искуство допринесува за развој на многу бројни иновативни и одржливи проекти во Македонија и странство, а како резултат на неговите големи менаџерски способности, од локалните избори минатата година е и градоначалник на Општина Радовиш.





Сподели го ова:

Слични објави