Вчера вечерта во Прилеп се одржа едукативна трибина во организација на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и Централната комисија за здравство на партијата, која беше во соработка со градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески

Сподели го ова:
























По повод Светскиот ден на хипертензија вчера вечерта во Прилеп се одржа едукативна трибина во организација на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Централната комисија за здравство, која беше во соработка со градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески.

Овој настан беше одржан во Градската библиотека ,,Борка Талески” – Прилеп под мотото „Мерете го вашиот крвен притисок, контролирајте го, живејте подолго”. На трибината свое стручно и професионално излагање имаа д-р Игор Николов, д-р Трајче Ржаникоски, д-р Кире Јоноски, д-р Билјана Кржеска, д-р Мелина Кузмановкска Димитровска и Светлана Колариќ, доктор по ветеринарна медицина – област безбедност и квалитет на храна.

Присутните на трибината имаа можност да слушнат многу корисни совети во врска со оваа проблематика, која се јавува како еден од почестите здравствени проблеми со кои се соочува населението во Македонија.




Сподели го ова:

Слични објави