НОВИ АПСЕЊА ВО ПРИЛЕП: Најмладиот имал само 25 години

Сподели го ова:
























Нови апесења на млади прилепчани, барем така говорат информациите од ОВР-Прилеп. Имено, во текот на вчерашниот ден (10.01.2023 година) на крстосницата од улиците Мице Козар и Круме Волнароски, прилепски полициски службеници од слобода ги лишиле Б.П (32) од Прилеп и Е.И (30) од с.Алданци, откако кај нив била пронајдена и веднаш одземена прашкеста материја.

Истиот ден, на ул.Прилепски бранители полициски службеници од ОВР-Прилеп, од слобода го лишиле 25 годишниот прилепчанец В.Е. бидејќи кај него полициските службеници пронашле грутчеста материја.

По целосно документирање на овие два случаеви, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.




Сподели го ова:

Слични објави