Градоначалникот на Кавадарци донираше 10.000 евра за лекување на младиот Бошко
Фондацијата „Никола Јанчев“ која всушност е семејна фондација на градоначалникот на Кавадарци -Митко Јанчев, донираше 10.000 евра за лекување на 19-годишниот Бошко Јанкулов од Кавадарци, младиот дечко на кому му е дијагностициран канцер. Секој оној кој е во можност, може да донира за младиот Бошко од Кавадарци на трансакциска сметка, како и со повик на телефонскиот број 143 193 за корисниците на Телеком.
-Уште од првиот ден од објавата за Бошко, и потребата за негово лекување, сум во контакт со неговото семејството. Во текот на утрешниот ден треба и да оствариме средба. Бошко е врсник со мојот најстар син Никола, од се срце сакам ова да е само еден лош сон и да заврши што поскоро.
Некои работи не се така едноставни и лесно остварливи, затоа да се фокусираме на сплотеност и заедно да направиме Бошко да ужива во младоста и да продолжи понатаму – меѓу другото истакна Јанчев.
















