ВЕЧНО ЌЕ ЖИВЕЕ ПРЕКУ НЕГОВИТЕ ХУМАНИ ДЕЛА! Љупчо Перканоски постхумно доби признание за трајни вредности од Сојузот на здруженија на дијабетичари

Сподели го ова:































Прерано починатиот Љупчо Перканоски како резултат на својата континуирана поддршка која за време на својот живот ја даваше во работата на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, постхумно доби Златна благодарница за „Трајни вредности во превенција од Dijabetes Miletus и компликации од дијабетес“. 

Перканоски, во текот на целиот свој живот преку донаторска поддршка даваше помош во дејствувањето на Сојузот и на голем број на поединци, а воедно и самиот тој боледуваше од дијабетес. Благодарница доби и компанијата Автоконтрол за „Трајни вредности во воспоставувањето на трајни вредности за превенција од дијабетес“.

„Ќе ми беше мило доколку тој ја подигнеше благодарницата бидејќи и самиот тој се соочуваше со дијабетот. Вие кои успеавте да го запознаете сигурно знаете за каква личност станува збор, а за останатите Љупчо помагаше секаде, a посебно за дијабетот, остави многу дела од кои што зрачеше и сеуште зрачи неговиот дух. Жал ми е што прерано го изгубивме”, истакна неговата сопруга и Генерален менаџер на “Автоконтрол”, Даниела Перканоска, која ги прими плакетите.




Сподели го ова:

Слични објави