Јавниот градски превоз во Прилеп со редуциран возен ред на сите линии за време на Новогодишните и Божиќните празници
Автобуски Градски Превоз при ЈП за ПУП на сите граѓани им ја честита Новата 2025 год. и Божиќните празници со желби за добро здравје и бериќет.

Воедно ги информираме граѓаните дека:
Автобусите на Јавниот Градски Превоз ќе имаат редуциран возен ред на сите линии за време на Новогодишните и Божиќните празници .
31.12 – Од 6.30 h до 15.30 h сите три линии
01.01 – Неработен ден
02.01 – Полно работно време од 6.30 h до 19.30 h
03.01 – Полно работно време од 6.30 h до 19.30 h
04.01 – Од 6.30 h до 15.30 h сите три линии
05.01 – Неделна (вонредна) линија на еден саат од 6.30 h(х.Салида) до 12.30 h од (Н.Гробишта)
06.01 – Неделна (вонредна) линија на еден саат од 6.30 h(х.Салида) до 12.30 h од (Н.Гробишта)
07.01 – Неделна (вонредна) линија од 6.30 h(х.Салида) до 14.30 h од (Н.Гробишта) со зголемен број автобуси
08.01 – Полно работно време од 6.30 h до 19.30 h – се вели во соопштението од Автобуски градски превоз – Прилеп.


















