ГЕСТ ЗА ПОЧИТ! Македонски таксист одбил да им земе пари на пилотите од Кипар кои ги гаснеа пожарите
Како што информиравме претходно, два авиони од типот „Air Tractor“ во рамките на помошта од ЕУ механизмот за цивилна заштита, во периодот од 7 до 14 август со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка од Кипар, учествуваа во справувањето со пожарите во Македонија.
Еден од пилотите раскажа и за случката со македонски таксист, кој кога го превезувал кипарскиот тим и кога тие му кажале дека во нашата земја се тука за да ги изгаснат пожарите, таксистот веднаш одбил да им наплати. Пилотите од Кипар, за нашата земја имаат позитивно мислење и истакнуваат дека во Македонија се запознале со луѓе кои незамисливо го ценат нивниот придонес!