ГО ПРИЗНАЛ ДЕЛОТО: Притворено е лицето кое во Прилеп изврши разбојништво во една прилепска аптека

Сподели го ова:


























Денеска (04.08.2022) по преземените мерки и активности, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР, во соработка со Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп и Одделот за униформирана полиција при БЈБ, го расчистија кривично дело “разбојништво” кое пред околу недела дена беше извршено во аптека во Прилеп.

Имено, на 27.07.2022  И.З.(28) со закана и со остар предмет кон вработената во аптеката одзеде пари, а вчера по добиена судска наредба полициски службеници извршиле претрес во домот на  И.З. во Прилеп, при што тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, каде во службен разговор тој го признал делото.

Денеска против него е поднесена кривична пријава по член 237 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во затворот во Битола.




Сподели го ова:

Слични објави