Владиката Петар им посака успех во работењето на новиот прилепски градоначалник Борче Јовчески и на новиот Претседател на Советот-Дејан Проданоски

Сподели го ова:


Денеска пред преземањето на градоначалничката функција, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески заедно со идниот претседател на Советот на Општина Прилеп Дејан Проданоски, присуствуваа на ТОРЖЕСТВЕНОТО ЧЕСТВУВАЊЕ НА ПЕТКОВДЕН во црквата “св.Петка” во населба Точила во Прилеп. Имено, Митрополитот Петар на новиот градоначалник, д-р Борче Јовчески, кој присуствуваше на богослужбата во придружба на идниот претседател на Советот на Општина Прилеп, г-дин Дејан Проданоски, му го честиташе изборот, му посака успех во работењето и порача дека очекува чесно и одговорно водење на градот, да „биде среден по примерот на светските метрополи а по вера како Ерусалим“. Митрополитот Петар упати честитки и до новоизбраните советници од сите партии.„Честит нека е празникот и за многу години нека е името на оние што го носат нејзиното Свето име!“ – благослови владиката Петар.





Сподели го ова:

Слични објави