Градоначалникот Чонески со пригодни подароци им посака успешен почеток на крушевските првачиња
Градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески со особена радост ги посети најмалите ученици – првачињата, по повод почетокот на новата учебна година.
“Ги посетив двете централни основни училишта, како и дел од подрачните училишта, каде лично им посакав среќен и успешен почеток на нивниот образовен пат. Заедно со убавите желби, им поделивме пригодни подароци како мал знак на внимание и поддршка за нивниот прв чекор во светот на знаењето.
Како градоначалник, моја обврска и приоритет е создавање подобри услови за образование, поддршка на учениците и наставниот кадар и градење општина во која секое дете ќе има можност да расте, учи и се развива во сигурна и мотивирачка средина.
Вложувањето во образование е највредната инвестиција што можеме да ја направиме. Ќе продолжиме посветено да работиме за подобрување на условите во училиштата и за поддршка на сите наши ученици.
На сите првачиња им посакувам многу успех, љубопитност, нови пријателства и безброј убави моменти во училишните клупи. Нека им биде среќен првиот училишен чекор!” – истакна Чонески.


















