Слатките дечиња од градинката “Наша иднина”, освоија награда за најдобра јуниор маска

Сподели го ова:





























Со изложбата на рачно изработени маски која беше поставена во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ денес започнааа активностите за карнеавлот „Прочка“. Имено, слатке дечиња од градинката “Наша иднина”, освоија награда за најдобра јуниор маска. Честитки за дечињата од оваа градинка пристигнаа од сите страни, како и од раководството на “Наша Иднина” -Прилеп од каде порачаа:

“Уште една од низата награди за JОУДГ “Наша Иднина” -Прилеп.

Награда за јуниор маска за групата Бубамари- РЕ “Бончејца” -Крал Рециклирко” – истакнаа од градинката “Наша Иднина” – Прилеп.

“Над 300 традиционални и модерни маски беа дел од оваа прекрасна изложба, со која ја одбележуваме 25-годишнината од карневалот „Прочка“ и 100 години од постоењето на уникатната традиционална маска „Прилепски мечкари“. Горд сум што традицијата продолжува да живее и да се надградува. Најубав доказ за тоа беа најмалите, маскирани како „Прилепски мечкари“, кои со својата радост и енергија ја збогатија изложбата, а веќе од утре ќе бидат дел и од карневалските случувања во нашиот град” – истакна денеска прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави