СВЕТСКО, А ПРИЛЕПСКО-НАШЕ: Вања Ѓорѓиоски кој освои златен медал на светско финале, доби финансиска помош од Општина Прилеп
Нашиот прилепчанец Вања Ѓорѓиоски ученик во ООУ „Климент Охридски“ заедно со неговата менторка Фросина Ацевска учествуваа на светското финале на натпреварот по англиски јазик Хипо во Рим на кој што се натпреваруваа со ученици од целиот свет.
Денеска, овој талентиран прилепчанец беше на прием во кабинетот на прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, а веднаш по средбата се огласи прилепскиот градоначалник при што истакна:
На претходната наша средба во мојот кабинет му кажав на Вања дека го очекуваме во Прилеп после финалето со златен медал. Нашиот Вања заедно со менторката го послушаа советот и се вратија шампионски во Прилеп. Општина Прилеп секогаш ќе бидe поддршка за сите талентирани млади како и за нивните ментори. Како награда за нивниот успех ќе им доделиме финансиска помош на Вања и неговата менторка со цел да поттикниме мотив плус кај сите наши ученици и учители, секогаш да го даваат својот максимум и достојно да го претставуваат Прилеп и Република Македонија – истакна Јовчески.