Оној кој вечерва или утре ќе ја пронајде “паричката”, го добива благословот на св. Василиј Велики низ цела година
Празникот Св. Василиј Велики, познат како Василица традиционално се празнува во Прилеп, каде што на овој празник се врти пита или лепче со паричка. Според обичаите се верува дека тој кој што ќе ја пронајде паричката, во текот на годината ќе го следи среќа, а со самото тоа го добива благословот на св. Василиј Велики низ цела година!
Имено, вечерва и утре се слави православната нова година, или Стара нова година како што уште и си ја нарекуваме. Станува збор традиционален празник кој се прославува како почеток на Новата година според јулијанскиот календар.