Голем број на прилепчани Новата 2024 година ќе ја дочекаат во Будва каде ги поминат Новогодишните празници
Една од неколкуте хит – новогодишни дестинации за кои се одлучија нашите сограѓани за дочекот на Новата Година е Будва, а оваа дестинација најмногу ќе биде посетена од страна на младите прилепчани, пред се затоа што оваа година во Будва ќе има спектакуларен дочек на Нова Година со најголемите балкански ѕвезди како што се:
30.12.2023 – Александра Пријовиќ
31.12 Будва – Тони Цетински
01.01 Будва – Марија Шерифовиќ
Меѓутоа и покрај тоа, Будва важи за една од најстарите урбани туристички средини кои се наоѓаат на јадранското приморје. Будва е центарот за забава и одмор-кога станува збор за црногорскиот туризам, и самата таа е сѐ попривлечна со секоја измината туристичка година, бидејќи секоја нова туристичката сезона Будва се надополнува со некоја нова уникатна атракција. Има голема-огромна морска плажа која претставува вистинско романтично место за пешачење со својот партнер. Освен перфектно море, Будва има огромното културно наследство како и прекрасната архитектура. Поголемиот дел од архитектурата се карактеризира со венецијанско потекло. Прозорите, балконите, вратите како и многу други забележителни работи на архитектурата, го прикажуваат оној римски стил на Венецијанската Република, кој што е мошне впечатлив и интересен за туристите кои доаѓаат од целиот свет.