Од оваа недела започнува летното сметање на времето
Викендов, кој што всушност е последниот викенд од месец март, започнува летното сметање на времето, при што стрелките на часовникот ќе треба да се поместат нанапред за еден час, односно времето во 02 часот во неделата утрото, ќе се смета како да е 03 часот.
Колку за потсетување, поместувањето на времето од зимско кон летно и обратно, за првпат започнало во далечаната 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес ваквата практика се применува во 70 земји од светот.