Тага до небото! Еве каде точно бил пронајден прилепчанецот Виктор Илиоски
Виктор Илиоски беше прогласен за исчезнат на 15 февруари во 16:15 часот во ОВР Прилеп. Имено, неговиот татко Д.И. (69) од Прилеп пријавил дека неговиот син се оддалечил од сопствениот дом. Веднаш потоа започна потрага, а овој случај предизвика големо внимание во јавноста.
Имено, денеска во кругот на Градската општа болница-Прилеп нешто околу 16 часот, пронајдено е безживотното тело на В.И. (40) од Прилеп. Од страна на Итната медицинска помош била констатирана смрт, а за настанот бил известен јавен обвинител, кој издал наредба телото да биде предадено на обдукција.
Од страна на МВР, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот!


















