Уште два – нови случаеви во Прилеп од рубриката “во бело”
На 26.02.2025 во 15.45 часот на ул„Ердован Шабаноски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Д.С.(36) од Прилеп. При преглед во возилото „фолксваген поло” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С. (25) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.02.2023 во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и гранки од растението канабис.















