“СТАНИЦА.МК” прва објавува: ЈАНЕ ЧЕНТО ПОВТОРНО ВО РОДНИОТ ПРИЛЕП
По настаните во Собранието на 27-ми април, откако беше притворен и затворен, Јане Ченто во почетокот на месец јуни оваа година за прв пат излезе на слобода – меѓутоа само на слободен викенд, а моментално користи слободни денови и се наоѓа во родниот Прилеп.
Како и да е, Јане Ченто овие денови е во друштвото на неговото семејство, неговите роднини, пријатели и поддржувачи кои каде да го сретнат низ прилепските улици, повторно му посакаа искрено добредојде. Имено, на 23 јануари оваа година, прилепчанецот Јане Ченто на социјалните мрежи објави една порака до македонскиот народ во која се вели:
„Наречете ме како што сакате јас само си ја сакам државата во која нема да биде важно кој каков е.
Не сакам да се чуствувам маргинализиран затоа што сум дел од мнозинството на оваа држава. Ние не се поделивме на ваши и наши, туку на некој друг така му одговараше, кога велам ние мислам на сите граѓани на Македонија без никакви поделби, затоа што ние живееме заедно и ќе продолжиме да живееме, а странците ќе дојдат и ќе си заминат“. „Македонија е се што имаме!“ – истакна Ченто на социјалните мрежи.