|

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ГОРАТ: “Прилепските пожарникари подготвени за секој случај бидејќи Ламбе Алабакоски пристигна во Прилеп!!! – твит на месецот!

Сподели го ова:


























Вчера во Прилеп гостуваа учесниците од музичкиот караван “Македонијо во срце те носиме”. Помеѓу учесниците беа: Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Наум Петрески, Сузана Спасовска, ДНК, Огнен Здравковски, Бојана Скендеровски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, како и Ламбе Алабаковски за кого се крена најмногу “позитивна прашина”. Имено, вчера социјалните мрежи гореа, во однос на позитивни шеги и коментари од типот: “Прилепските пожарникари подготвени за секој случај бидејќи Ламбе Алабакоски пристигна во Прилеп!!!”. Шегата на страна, Ламбе Алабаковски вчера имаше одличен настап во Прилеп каде прилепчани уживаат во неговите песни.

Инаку, пејачот Ламбе Алабаковски ќе има голема музичка турнеја во Австралија, а оваа вест ја потврди и самиот тој споделувајќи рекламен плакат на неговиот Facebook профил. Очигледно е дека во песните на Алабаковски ќе уживаат и “нашинците” од Австралија.

Турнејата е официјално закажана за месец април, наредната 2024 година.




Сподели го ова:

Слични објави