Во Прилеп постојат многу месарници, меѓутоа од каде може да се купи најдоброто, и најсвежото месо?

Сподели го ова:


























Градот под Марковите Кули на далеку е познат по највкусната прилепска скара, скара која што не може да ја најдете на ниту едно друго место. За оние прилепски граѓани кои што скарата си ја подготвуваа дома, месото го купуваат од прилепските месарници, за кои што мора да признаеме дека во градот под Марковите Кули освен во центарот, ги има и речиси во секоја населба, при што истите нудат различни видови на месо.

Како што пред некој ден соопшти АХВ, со порастот на температурите се зголемуваат и потенцијалните ризици од појава на труење со храна. За да се спречи евентуална појава на труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор и нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување на храната. При купувањето треба да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување на храната, да се купува храна од проверени места каде има услови и каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди. Врз основа на ова, се поставува прашањето – од која месарница во Прилеп може да се купи најдобро, квалитетно и најсвежо месо?




Сподели го ова:

Слични објави