И “КСС” ПОВИКУВА НА ПРОТЕСТ
И конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), повикува на протест под слоганот: “Протестирам да не бидам дискриминиран” (текстот од објавата продолжува веднаш после рекламата).
И конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), повикува на протест под слоганот: “Протестирам да не бидам дискриминиран”. “Од името на 30.000 членство на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, сакаме да Ви испратиме силна подршка за најавените протести кои ќе започнат на 26.04.2022 година пред Собрание на РМ.СОНК дава безрезервна и максимална поддршка на Вашата одлука за организирање масовни работнички протести поради крајно некоректниот однос и игнорирање од страна на Владата по однос на Вашите барања, а тоа е усогласување на платите со минималната плата, односно покачување на бодот како најбрзо решение во овој момент.Исто така, СОНК стои зад Вас во однос на непризнавање на заклучокот од Владата дека за ваквите барања за усогласување на платите со минималната плата потребен е период од 6 месеци, бидејќи за истите овие барања изминатите години, надлежните немаа слух. Во период на инфлација и зголемени животни трошоци, СОНК смета дека е време сите заедно да го побараме тоа што ни следува, да бидеме единствени, сплотени и истрајни во борбата за работничките права и враќање на достоинството на работникот.Верувајќи во вашата искрена синдикална заложба за подобрување и остварување на вашата цел, СОНК ви посакува успех во вашата мисија, со надеж за остварување на истата, секако со нашето присуство на протестите кои ќе започнат на 26.04.2022 година”-истакнуваат од КСС.