Во Прилеп за само 24 часа се регистрирани над 30 нови случаеви на заболени од Ковид 19

Сподели го ова:


Во последните 24 часа направени се 2.964 тестирања, а регистрирани се 417 нови случаи на КОВИД-19, од кои 31 се од Прилеп.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (60г и 64г) и Кочани (45г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Тетово (79г), Штип (66г), Битола (82г) и Крива Паланка (38г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 24.10.2021, од Скопје на возраст од 84 години, починат во болнички услови.Регистрирани сe 329 оздравени пациент од кои 10 се од Прилеп





Сподели го ова:

Слични објави