Сојузот на средношколци изјави дека и во Прилеп учениците пријавуваат дека добиваат оштетени учебници далеку од употребливата состојба, а во најлош случај – комплетен недостатокот на дел од учебниците

Сподели го ова:






























Кога учениците ќе ги добијат учебниците од страна на МОН? Сојузот на средношколци изјави дека и во Прилеп е забележан зголемен број на проблематични случаи во многу од средните училишта. Во прилог, целосно Ви го пренесуваме нивното соопштение:

“Оваа година забележуваме зголемен број на проблематични случаи во многу од средните училишта ширум државата. Учениците пријавуваат дека добиваат оштетени учебници далеку од употреблива состојба, а во најлош случај, комплетен недостатокот на дел од учебниците. Сојузот утврди дека вакви ситуации се присутни во Скопје, Битола, Велес, Прилеп, Делчево и други градови, дури и во некои од најголемите средни училишта. Проблемот е особено изразен во стручните училишта, специфично за учебниците по стручните предмети, што создава нееднаквост меѓу учениците. Решавањето на проблемот е оставено на самите ученици, кои се принудени да се снаоѓаат со барање на елекотронски форми на учебникот, учење преку слики од врсниците, или најстрашно фотокопирање или набавување на истите на свој трошок.

Не може незавршената дигитализација да се користи како изговор за немањето на учебници. Апелираме проблемот да биде ставен како висок приоритет и активно да се работи на негово решавање. Ние ќе продолжиме да ја следиме состојбата и ќе ја информираме јавноста за оваа исклучително важна тема. Една од клучните заложби на Сојузот е обезбедување на достапно образование за сите. Ја потсетуваме јавноста на член 44 од Уставот кој гласи: „Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно“. Учебниците се основна алатка за одржување на непречена настава, која според Уставот (треба да) е бесплатна”- истакнуваат од Сојузот.




Сподели го ова:

Слични објави