(ФОТО) Во “Стара црква” – Прилеп, придавката “СЕВЕРНА” е покриена со бела трака
Штом ќе влезете во православниот црковен храм св. Благовештение во Прилеп, односно во храмот кој што помеѓу прилепчани е познат и како “Стара црква”, веднаш од десната страна во дворот (кога влегувате од главниот црковен влез) стои табла за некоја инвестиција во црквата од Владата на Република Македонија.
Имено на таа табла пишува “Инвеститор: Влада на Република Северна Македонија”, меѓутоа најверојатно некој од верниците кои често го посетуваат овој христијански храм, придавката “СЕВЕРНА” ја покрил со бела трака, при што сега, чисто и јасно стои РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Македонија, нашата историска, библиска земја! Земјата која што неколку пати е спомната во библијата!