Секоја чест! “Fan Production” на Зоран Пиловски со медал за долгодишна соработка и промовирање на маратонот посветен на Тоше
Цел Балкан, и цела наша земја вчера со посебни емоции се сеќаваа на Тоше Проески кој што точно на вчерашен ден пред 14 години го загуби животот во сообрајќајната несреќа која што се случи кај Нова Градишка, на патот кон Загреб. Имено, вчера на 18-тиот Ултра Маратон за Тоше, на Fan Production bu Zoran Pilata му беше доделен медал за долгодишна соработка и промовирање на маратонот.

Сите оние солзи, сите оние емоции, и целата онаа љубов за Тоше која што вчера се чувствуваше насекаде во Крушево и крушевските улици, како секоја година-така и оваа, беа регистрирани во едно емотивно-маестрално видео изработено од екипата на “Fan Production-Зоран Пиловски”.
Видеото може да го погледнете на следниот линк:
https://www.facebook.com/reel/829986562814551?locale=mk_MK
















