Водици во Крушево! Светиот крст беше положен во водите на вкупно пет места
Денеска во Крушево и крушевско, свеченото се одбележа големиот христијански празник Богојавление – Водици, празник на духовното раѓање, прочистувањето и спасението. Во духот на вековната традиција, положувањето на светиот крст се одржа во Крушево, како и во населените места Бучин, Свето Митрани, Врбоец и Пуста Река.

Во Крушево, најсреќниот учесник кој го извади светиот крст од водите на Крушевското езеро беше Јованчо Бубаќоски. Во населените места, крстот го фатија Шопески Матеј во Бучин, Маркоски Богојче во Свето Митрани и Митрески Александар во Врбоец.
На сите нив им упативме искрени честитки со желби за добро здравје, лична среќа и многу успеси во годината што е пред нас. Водени од силната вера и заедништвото што го носи овој голем празник, нека ни биде потсетник да негуваме добри мисли, да бидеме похумани и посолидарни, да живееме во слога и заедно да работиме за подобра иднина за сите. Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление – Водици! Бог се јави! – порача Чонески.


















