(фото) Прилеп денеска на +35 степени
Најчитаната прилепска информативна станица, денеска беше на кратка обиколка во центарот на Прилеп, се со цел преку нашиот фото-објектив да ја регистрира состојбата во однос на жешкото лето со кое се соочуваат прилепчани.
Иако некаде околу 13 часот во центарот на Прилеп имаше над 35 степени, тоа не ги спречи прилепчани користејќи ги своите автомобили и јавниот градски превоз да излезат до центар, да завршат определена тековна обврска, да си платат некоја сметка и слично.
Иако последниве денови температурите опаднаа за 7-8 степени, сепак тоа не е доволно посебно за постарите лица да излегуваат во попладневните часови, кога температурите се прилично високи. Како изгледаше денеска Прилеп на +35 степени, погледнете во прилог преку “фото колажот” кој го направи нашата информативна екипа.