МУ ПРОПАДНА “БИЗНИСОТ” НА ТРОЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ: Ја спакувале марихуаната во помали пакувања, се подготвиле за продажба, ама ги фатила полицијата

Сподели го ова:


























На 03.08.2023 во с.Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово ги лишиле од слобода Ј.А.(27) , А.С.(24), А.А.(19), сите од Прилеп, затоа што при преглед кај нив и во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана спакувана во помали пакувања подготвени за продажба, дигитална вага и други предмети.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок -ИНФОРМИРААТ ОД МВР.




Сподели го ова:

Слични објави