Флорида со закон ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години

Сподели го ова:


























Парламентот на Флорида, усвои нацрт- закон со кој што се забрануваат социјалните мрежи за децата кои се под 16 години. Станува збор за потег за кој што поддржувачите велат дека ќе ги заштити малолетниците од онлајн ризиците за нивното ментално здравје.

Мерката, сега треба да ја потпише републиканскиот гувернер Рон ДеСантис. Претставничкиот дом го усвои законот со вкупно 108 гласа „за“ и седум „против“ – неколку часа откако Сенатот го даде конечното одобрување.

Mockup image of a woman using and typing on laptop computer with blank white desktop screen



Сподели го ова:

Слични објави