Во затворот е пронајдено починато лице кое работело во оваа казнено поправна установа
Вчера вечерта, нешто околу 19:30 часот во КПУ Затвор – Штип е пронајдено починато лице кое работело во оваа казнено поправна установа.
Починатото лице било пронајдено во караулата во затворот, а според првичните информации немало траги на насилство.
Официјални информации за тоа што се случило точно во затворот, се очекува да дадат надлежните институции.