ФЕСТИВАЛ НА МЕДОТ ВО ПРИЛЕП: Медот е “здравје во тегла” и подарок од природата за сите нас!

Сподели го ова:
























Повеќе години наназад во Прилеп, односно секоја година се одржува Фестивалот на медот и пчелните производи, a како резултат на својот квалитет секоја година ги привлекува оние посетители кои што се заинтересирани за здравата храна.

Од денес на прилепскиот плоштад, поточно кај споменикот на Крали Марко ќе биде изложен медот како и останати пчелни производи и пчеларска опрема. На овој фестивал со своите сопствени атрактивно спакувани продукти, ќе се претстават пред прилепчани членовите на прилепското здружение, а исто така ќе има и претставници од другите пчеларски здруженија од нашата земја.




Сподели го ова:

Слични објави