ГРОЗОМОРНО: Четири малолетници силувале врсничка во објект во изградба во училишниот двор – мајката на девојчето пријавила во МВР
Синоќа во 23.30 часот во Полициската станица во Неготино, 30-годишна жена од Демир Капија пријавила дека четири малолетници – врсници на нејзината малолетна ќерка, подолг временски период во објект во изградба во двор на основно училиште, ја присилувале нејзината ќерка на сексуални односи со нив.
За овој грозоморен настан е запознаен јавен обвинител од ОЈО Кавадарци како и Центарот за социјални работи Неготино.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот!