Денеска основите училишта „Рампо Левката“ и „Добре Јованоски“ ги слават своите патрони!

Сподели го ова:


























Oсновите прилепски училишта „Рампо Левката“ и „Добре Јованоски“ денеска ги слават своите патрони! Денешниот ден нè потсетува и асоцира на светлината на знаењето и образованието, и на долгата и горда историја на нашата борба за слобода и правда.На овој ден, оддаваме длабока почит на нашите народни херои, Рампо Левката и Добре Јованоски, кои се симболи на храброста, саможртвата и бескомпромисната борба за слободата на нашата татковина, Република Македонија.

Како учесници во Народноослободителната војна, тие заедно со уште 18 наши сограѓани, на 19 септември 1942 година, беа мачени и трагично убиени од бугарскиот фашистички окупатор кај селото Дабница. Нивната жртва е длабоко врежана во колективната меморија на нашиот народ и останува вечен потсетник за храброста и љубовта кон слободата што тие ја покажаа.

Заеднички вложуваме во подобрување на условите за работа и учење, преку бројни проекти и промени кои придонесуваат за подигнување на стандардите во нашите образовни институции. Нашата мисија е да создадеме средина во која секој ученик и наставник ќе може да ги реализира своите потенцијали и да се развива во духот на успехот, знаењето и посветеноста. Драги ученици, наставници и сите вработени во овие две училишта, честит патрон празник! Продолжете да ги негувате вредностите на нашите херои, бидејќи тие се темелите на иднината што сите заедно ја градиме – порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави