Прилепски измамник кој требало да лежи во затвор, успеал цели две години да не го фати полицијата
На 04.01.2023 во 16.20 часот на ул.„Руди Чаевец“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Б.(43) од Прилеп, со живеалиште во Скопје.
Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.