Еве како настанал пожар во Авто сервисот во Прилеп, каде изгореа 4 автомобили

Сподели го ова:






























Врз основа на информациите од МВР, вчера на 21.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, во Авто сервис каде биле паркирани нрколку возила, настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген поло”. Возилото било со прилепски регистарски ознаки сопственост на Т.Ј.(76) од с.Загорани, прилепско. Од настанатиот пожар биле зафатени и други патничко возила: „ауди”со прилепски регистарски ознаки, сопственост на О.Б.(38) од Прилеп, патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на О.Д.(32)од Прилеп, патничко возило „рено” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Т.Ц.(24)од Прилеп.

Од страна на ТТПЕ пожарот бил изгаснат, а увидот извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.




Сподели го ова:

Слични објави