„Топташ Родео 2026“ е уште една потврда дека Прилеп сигурно се развива како препознатлива дестинација за спорт, рекреација и адреналински настани
На 9 и 10 мај во Прилеп ќе се одржи хард ендуро трката „Топташ Родео 2026“.
Моментално целосно е подготвен теренот за овој значаен настан. Со заеднички напори беше изграден првиот хард ендуро и тренинг полигон од ваков тип во нашата држава, инвестиција што останува како трајна вредност за градот и за сите љубители на овие спортови.

Паралелно се реализира и реконструкцијата на патот кон месноста Топташ, со што значително се подобрува пристапот и условите за одржување на вакви настани.
Голема благодарност до сите поединци, клубови и општествено одговорни компании кои со својата поддршка придонесоа за реализацијата на овој проект.
„Топташ Родео 2026“ е уште една потврда дека Прилеп сигурно се развива како препознатлива дестинација за спорт, рекреација и адреналински настани.
Да го чуваме и негуваме она што заеднички го создаваме!


















