Прилеп ќе блеска! Се прави комплетна генералка на плоштадите, булеварите, улиците и тротоарите

Сподели го ова:































Соопштение од ЈКП Комуналец-Прилеп

Пред денот на пролетта 21 Март, во Прилеп се прави комплетна генералка на плоштадите, булеварите, улиците и тротоарите со рачно миење со цистерна.

Досега комплетно се измиени булеварот ,, Гоце Делчев’’, улиците: ,, Васко Карангелески’’, ,,11 Октомври’’, ,, Прилепски Бранители’’, а моментално се работи вдолж по улицата ,,Александар Македонски’’. Според оперативниот план за работа неделава и наредната недела ќе се работи на улиците: ,, Мице Козар’’, ,, Димо Наредникот со спојот на Егејска, ,, Борка Талески’’, ,, Архиепископ Доситеј’’ кејовите покрај Градска река, високите делови од Могила и Лук Оил и други помали улици опфатени со Програмата за работа.

Се замолуваат граѓаните да бидат пострпливи спрема вработените од ,, Комуналец’’, да даваат предимство за поминување на цистерните, зашто оваа операција е потешка , со оглед на тоа што се мие голема нечистотија од се што оставила зимата.

Воедно, апелираме до градежните компании, индивидуални градители, стоваришта, рудници и др. да воведат систем на миење на возилата кога излегуваат од своите градилишта, стоваришта, рудници и др. објекти, согласно Закон.

До нас се обраќаат голем број на граѓани кои реагираат на времето кога да се прави миење на улиците, но со оглед на сеуште ниските температури во ноќно – утринските часови оваа операција се извршува од 06:00 часот наутро. Најголем проблем претставуваат паркираните возила по тротоарите, односно онаму каде не е место за паркирање, па се мие со прескокнување на релацијата.

Да објасниме и за оние граѓани кои реагираат зошто не се мети и мие и во нивното уличе, а плаќаат надоместок за ЈПП, иако за ова многупати сме објаснувале. Одржување на јавно прометни провршини по Програма за работа се планира според формула на број на фреквенција на луѓе – возила, како и значајност на институции и објекти од јавен интерес за сите граѓани. Односно улици, булевари и тротоари кои ги користат сите граѓани.

Само заеднички комуналното претпријатие, граѓаните и бизнис секторот можат да постигнат врвна чистота на градот. Се друго е префрлање на вината, без да се соглада дека самите сме ја создале причината.

Едноставно понизно молиме да започнеме да бидеме културна нација која се грижи за животната средина, но и да создаваме угледна и чиста општина со која би се гордееле сите – известуваат од ЈКП Комуналец-Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави