Прилепчанец уапсен на улица во Прилеп заради поседување на пиротехнички средства
На 09.01.2025 во 18.50 часот на ул.„Генерал Васко Карангелески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.Т. од Прилеп, затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава – информира МВР.


















