За да не дојде до поскапување од 1 јули, започнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика
Денеска, собранието ќе ја одржи 8-та седница на која на дневен ред се верификација на мандат на пратеници, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка.
Со Предлог-законот за дополнување со членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучот од ставот (9) односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата.
На ваков начин, со ваквата одредба освен сигурно и безбедно, се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија.