ДПД “МАРКОВИ КУЛИ-СОНЦЕ”-Прилеп: Голема благодарност до стручниот тим на АРМОР ПЛУС-Скопје и Амбасадата на Република Хрватска за одлично организираниот настан и донираната опрема

Сподели го ова:
























На ден 18.05.2022 се одржа донаторски настан во организација на “Армор Плус”-Скопје заедно со Амбасадата на Република Хрватска и Хрватскиот деловен клуб. На настанот, беше донирана опрема во вредност од 50.000 евра на доброволните против пожарни друштва.

“Голема благодарност до стручниот тим на АРМОР ПЛУС-Скопје и Амбасадата на Република Хрватска за одлично организираниот настан и донираната опрема од страна на ДПД Маркови Кули-Сонце Прилеп и останатите ДПД од Македонија”– истакнаа од Доброволното противпожарно друштво од нашиот град.

По повод овој донаторски настан, се огласија и од “Армор Плус ДОО”, при што изјавија: “Како општествено одговорна компанија Армор Плус ДОО донираше преку 200 нови комбинезони за Доброволните противпожарни друштва, со цел промоција и поддршка на волонтерството и доброволното пожарникарство во РС Македонија. Се надеваме дека со оваа донација ќе го промовираме доброволното пожарникарство кое во последниве години станува неопходна потреба, но и да иницираме други компании да се вклучат во поддршката на овие друштва, со што противпожарната заштита ќе ја кренеме на едно повисоко ниво”-беше истакнато од страна на Армор Плус ДОО .




Сподели го ова:

Слични објави