Таткото на Матеј Периш-денеска одржа трогателен говор

Сподели го ова:
























Денеска, телото на Матеј Периш беше испратено од црквата “Свети Антониј”-Белград во Сплит, каде ќе биде погребан. Имено, денеска во Белград, таткото на Матеј-Ненад Периш, одржа трогателен говор. Имено, неговиот говор целосно Ви го прикажуваме во прилог на оваа објава:

„Би сакал, да се обратам до вас новинарите, би сакал да се заблагодарам на градот Белград за големото срце што ми го даде… Без разлика што мојот син тука го заврши својот земен живот, срцето што ми го даде Белград, граѓаните на Белград и цела Србија, ми помогна многу за овие 139 дена да почувствувам човечка љубов, грижа, сочувство и се што му треба на човек во вакви моменти. Би сакал да се заблагодарам и до МВР на Србија, тие завршија огромна и неверојатна работа, секој контакт со нив беше пред се човечки, а потоа професионален и таков каков што ми требаше да го поминам овој период, а сепак да ги дознаам деталите“. Благодарам на секој полицаец, началник и на сите што учествуваа во тоа. Би сакал да му се заблагодарам и на хрватското МВР и тие завршија одлична работа, благодарам. Благодарам и на Министерството на БиХ и тие учествуваа на почетокот. Ви благодарам на сите вас- новинарите, снимателите, вашите редакции, на сите посебно. Мислам дека покажавте дека сте луѓе и дека во вакви тешки ситуации ја знаете разликата помеѓу вест и болка. Им благодарам на католичките свештеници но и на патријархот Порфириј, очекувам дека ќе дојде сега. Со неговите епископи, владици и сите православни верници кои се отворено срце се молеа за Матеј“, истакна Ненад Периш-таткото на Матеј Периш.




Сподели го ова:

Слични објави