ЧЕСТИТКИ: Прилепскиот гимназијалец Петар Мирчевски во Цирих – Швајцарија учествуваше на 55-тата Интернационална Олимпијада по хемија, каде освои бронзениот медал
Како што е истакнато на Facebook страната на прилепската гимназија, на 55-тата Интернационална Олимпијада по хемија, во Цирих, Швајцарија на која учествуваа натпреварувачи од целиот свет, а ученикот од СОУ ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ ПРИЛЕП, ПЕТАР МИРЧЕВСКИ, го освои бронзениот медал.
Освен Петар, од натпреварувачкиот тим на Република Македонија, бронза освоија и Марио Ванчоски од СОУ Гимназија „Славчо Сојменски“, Штип и Филип Бојаџиевски од СУГС Гимназија „Орце Николов“, Скопје. Марија Петрова од СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ доби пофалница.
Водачи на тимот беа: проф. д-р Миха Буклески, вонреден професор на ПМФ, Скопје и проф д-р Марина Стефова, редовен професор на ПМФ, Скопје.
.