Томе сам си призна дека 8 години не направи ништо за Крушево па сега му текна пак да лаже дека “најдоброто допрва доаѓа”?? – порачуваат од ВМРО ДПМНЕ
“Во недела сите заедно обединети и сплотени да го заокружиме бројот 9!
Крушево заслужува промени и одговорно раководство.
Нико Чонески за Еснафско Крушево!
Голема ќе биде победата!
Доста е поделби, Крушево заслужува достоинство, не омраза!
Од вечерва, за жал, Крушево официјално е поделено на две категории луѓе на „здраворазумни“ и на „умноболни“. Така барем решија оние што веќе осум години ја држат власта наместо да градат, тие делат. Наместо да сплотуваат, тие навредуваат. Наместо да покажат резултати, посегнаа по единственото оружје што им остана омаловажувањето на сопствените сограѓани.
Владеењето со страв и поделби нема место во едно современо, достоинствено Крушево.
Осум години беа доволни за сите да видиме каде не донесе ова раководство празни ветувања, затворени врати, и луѓе што се срамат да го кажат своето мислење од страв да не бидат наречени „умноболни“.
Но секој крај има нов почеток. Ова е крајот на владеењето на навредите, на ароганцијата и на поделбите.
Време е Крушево повторно да стане град на разум, култура и почит а не на етикети и омраза.
Крушево заслужува подобро. И тоа време доаѓа” – порачуваат од ВМРО ДПМНЕ.
















